Македонија

Тодоров: Распустот да се продолжи до 23 јануари

Тодоров: Распустот да се продолжи до 23 јануари

Прифативме мерка да се продолжи зимскиот распуст до 23 јануари, односно второто полугодие наместо на 18 јануари, како што беше предвидено, да почне на 23 јануари. Оваа мерка е повеќе од потребна имајќи ја предвид тенденцијата на намалување на бројот на заболени од грип од 0 до 14 години во време на распустот, рече министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес-конференција, што ја одржа заедно со членови од Комисијата за заразни болести.

Исто така, додаде тој, донесена е мерка и за темелна секојдневна дезинфекција на автобусите во градскиот сообраќај во Скопје, но и во останатите градови каде има организиран градски сообраќај.

Последната мерка која ја усвоивме е мерката за темелна дезинфекција на сите училишта пред почетокот на второто полугодие, информира министерот за здравство.