Тодоров: ”Шарената револуција” е револуција на богатите против народот

Министерот за здравство и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, вчера беше гостин во емисијата „Јади Бурек“, каде воглавно зборуваше за наметнатата политичка криза во државата од страна на СДСМ и штетата што ја причинија при така наречената ”Шарена револуција”.

-Ова е револуција на богатите против народот, имаш на еден мал простор луѓе што поделиле околу 6 милиони евра за период од две години и тие протестираат и бараат некои права. И од кој ги бараат тие права и зашто ги бараат тие права е друго прашање. Но клучно прашање е како тие луѓе 50,100,200, 500 успеале да поделат 6 милиони евра со некаква си цел да срушат Влада, да покренат некои прашања итн… Сега замислете од другата страна, да го ставиме ова во друг контекст, колку земјоделци колку време треба да работат за да земат 6 милиони евра, незнам некој се занимавал со производство на тутун, некој што работел во текстилна индустрија или доктори, адвокати, значи овде станува збор за  луѓе кој што по прилично добро заработуваат. Затоа ви велам ова личи како револуција на богатите против сопствениот народ, рече Тодоров коментирајќи ја Шарената револуција.

Штетата што тие ја причиниле според Тодоров , ќе мораат и да ја платат, откако ќе завршат соодветните постапки против нив:

-Ако некој прави инциденти со цел да предизвика насилство и преку тоа насилство да постигне некоја цел која е во спротивност со интересите на народот, дали е мудро да му се дозволи да ја постигне таа цел или да се најде начин да не се дозволи тоа. До овој момент точно гледаме фарбаат згради , блокираатт улици, тоа мислите дека го оправдува некој ?  Па јас мислам дека над 70% од граѓаните тоа не го оправудваат. На крај тоа ќе треба некој да го плати.

-Не сум баш сугурен дека така ќе биде, сепак тоа е штета што е направена од некој, таа штета е направена на државен имот и таа штета не е баш мала. Владата донесе заклучок со што го обврза Бирото за судски вештачења кој што е орган да прави вештачење и проценка на штети и таа штета ќе биде проценета и нормално врз основа на податоците што ќе се добијат од Бирото за судски вештачења органите на прогонот или државните институции ќе проценат која процедура ќе ја поведат”.

-Ние немаме друга држава, ако ние не си ја почитуваме нашата  држава, неможеме ни од странство нема да ни ја почитуваат , а неможеме да кажеме дека си ја почитуваме државата, ако институциите не си ги почитуваш. Така да, да оставиме на институциите да си ја завршат работата, во оваа држава има закони има институции и институциите треба согласно законите да си ја завршат својата работа и тој што се огрешил спрема законот да си сноси соодветна консеквенца, дополни Тодоров.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.