Тодоров: СДСМ бара цензура на медиумите

Никола Тодоров, висок претставник на ВМРО-ДПМНЕ, при гостувањето во вестите на Сител посочи на пречката во меѓупартиските преговори околу регулацијата на медиумите е барањето на ВМРО-ДПМНЕ да не смее да се казннува ниту новинар ниту медиум за искажан став.

Тука запнаа, меѓу другото, баравме да не може новинар или медиум да е казнет за искажан збор- посочи Тодоров, кој потсети на времето на владеење на СДСМ, на случајот „Фабрика“ поврзан со известувањето во медиумите.

Тодоров нагласи дека сега со барањето за можност за цензура СДСМ би сакал да наштети на ВМРО-ДПМНЕ, но и на државата. Притоа, Тодоров посочи и на барањето наместо регулатори, за медиумите и казнувањата да одлучуваат невладини организации, што е спротивно на сите европски примери и препораки.