Тодоров се откажува од пратеничката функција, се посветува на адвокатурата и партиските функции

Министерот за здравство и вицепремиер во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров пред малку соопшти дека се откажува од пратеничката функција.

„Имајќи предвид дека планирам во иднина повеќе да се посветам на мојата основна професија како адвокат, како и да можам да дадам поголем придонес во партиските активности, дозволете ми да Ве информирам дека одлучив да поднесам оставка на функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија“, напиша Тодоров на својот Фејсбук профил.

Тодоров стана дел од владата на ВМРО ДПМНЕ во јули 2009 година кога беше назначен за министер за образование и наука. Оваа функција ја извршуваше до јули 2011 година кога стана прв човек на Министерството за здравство, функција која ја извршуваше се’ досега.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.