Тодоров се сретна со медицинскиот тим од Куманово

Министерот за здравство, Никола Тодоров денеска беше во Куманово, каде ги посети Општата болница и службата за Итна медицинска помош при Здравствениот дом.

Министерот се сретна со докторите, медицинските сестри и останатиот персонал кој беше ангажиран за време на настаните изминатите два дена. На средбата, министерот беше детално запознаен со постапувањето на медицинските тимови околу третманот на повредените лица. Воедно, министерот лично упати благодарност до медицинските тимови за навремената реакција, пожртвуваноста, максималните заложби за укажување помош на повредените, како и покажаната професионалност и стручност.

Во рамки на посетата на Куманово, министерот Тодоров се потпиша во отворената книга на жалост и се сретна со локалното население, придружуван од пратеникот Зоран Ѓорѓиевски.

 

t