Тодоров: Силата на ВМРО-ДПМНЕ е народот, а народот е нашата држава

Министерот за здравство Никола Тодоров воедно и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по повод 25 години од основање на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека партијата секогаш била тука за граѓаните и во добро и во лошо.

Тодоров истакна дека пораката која вечерва ќе биде упатена на прославата за 25 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ е дека силата на ВМРО-ДПМНЕ е народот, а народот е нашата држава.

-Пораката која сакаме да ја упатиме е дека ВМРО-ДПМНЕ е тука за народот, да служи за народот и на државата. Позитивното делување, проектите за подобрување на животот на сите граѓани, изградбата на автопатите, болници, отворање на нови работни места. Така во изминативе 25 години ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е тука за македонскиот народ за  креирање на позитивни реформи. Така функционираме и тоа е столбот на ВМРО-ДПМНЕ, а така и ќе продолжиме, изјави Тодоров.

Целото гостување погледнете го на следниот линк:

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.