Тодоров: Со реновирањето на болницата во Јасеново подобрени здравствените услуги

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Болницата за белодробни заболувања во Јасеново која е реновирана со средства од Владата.Покрај реконструкцијата во која се вложени 2,2 милиони евра, набавен е и агрегат за струја и изведен е систем за сончево затоплување,јавува МИА.

„Работите се изведени мошне квалитетно и тоа ќе придонесе за квалитетна работа на целиот персонал, но пред се за квалитетни здравствени услуги и сместување на болните, изјави Тодоров, додавајќи дека болницата е реноворана по највисоки стандарди.

Тој најави дека наскоро болницата ќе добие и нов автобус за превоз на вработените и пациентите и оти на барање на менаџерскиот тим, оваа здравствена установа ќе биде и партнерно уредена и одбележана со знаци и патокази.

Директорот на болницата Гоце Бузалков оцени дека со реновирањето и набавката на најнова софистицирана опрема се подобрени услугите за пациентите, кои се побројни, односно за три години бројката е зголемена повеќе од двојно.

„Во 2011 година бројот на пациенти беше 2. 200, во 2013 година имаше 3.000 пациенти, а минатата 2013 се зголеми на 5.000 пациенти,“ потенцира Бузалков.