Тодоров упати телеграма со сочувство до семејството на Петар Милошевски

Министерот за здравство Никола Тодоров по повод смртта на поранешниот министер за здравство проф. др. Петар Милошевски упати телеграма со сочувство до неговото семејство.

– Со длабока тага ја примивме веста за неговата смрт, кој даде голем придонес за здравството и научната мисла во Република Македонија, како поранешн министер за здравство, афирмиран универзитетски професор и долгогодишен директор на Институтот за фармакологија и токсикологија при Медицинскиот факултет на УКИМ. Неговото име ќе остане забележано во аналите на Министерството, како и во аналите на Универзитот Св. Кирил и Методиј – Скопје, стои во телеграмата.