Интервјуа

Тодоров: Вложуваме во квалитетно здравство

Тодоров: Вложуваме во квалитетно здравство

Македонското здравство врти нова страница. Се градат капитални објекти и се реконструира она што со години беше запоставено. Заедно со новата опрема, вложувањата во стручна надградба на лекарите и реорганизација на функционирањето, го искачува здравството во Македонија повисоко на европската скала. Инфраструктурата, опремата и човечкиот ресурс, се основните столбови на квалитетот во здравството, вели во интервју за Курир, министерот Никола Тодоров.

Во пресрет на Светскиот ден на срцето- 29 септември, беа презентирани податоците дека кардиоваскуларните болести се најчеста причина за смртност на населението во Македонија. Што конкретно презема Министерството за здравство во насока на подобрување на состојбата со срцеви заболувања во земјава и дали има подобрување во одредени сегменти?

-Во овој сегмент почнавме поголем број на проекти. Еден од клучните фокуси на министерството нормално е да го ставиме на првото место на причините за морталитет во Република Македонија, со некаде од над 54 до 57 проценти. Односно, во конкретни бројки, ако има 19 илјади смртни случаи во Македонија, 11 илјади се од кардиоваскуларни заболувања. Затоа неопходно е приоритетот на министерството да е тука. Затоа креиравме програма за кардиоваскуларни болести, сериозно се фокусиравме на превенцијата.

Ако минатата година имало 8 илјади превентивни прегледи, оваа година, досега има 10 илјади превентивни прегледи, што значи дека зголемувањето на бројот на превентивни прегледи, нормално дека влијае понатаму на степенот на морбилитет и морталитет од кардиоваскуларни заболувања. Инаку како резултат на мерките кои ги превземаме, бележиме намалување на стапката на морталитет од кардиоваскуларни заболувања, а и вкупниот број на смртни случаи во 2013-та во однос на 2012-та се намалил за еден посто, а бројот на заболувања од кардиоваскуларни болести се намалил за нешто повеќе од 3 проценти, што значи дека овие мерки кои ги превземаме, почнуваат да даваат резултат.

Во здравството е така, треба да се превземат мерки, а тие даваат резултат, некогаш за шест месеци, некогаш за една година, но некогаш и за подолг период па следствено на тоа, некои од ефектите доаѓаат покасно. Сепак, гледаме дека трендот е добар, односно мерките кои ги превземаме даваат позитивни ефекти.

Досега се распишани три огласи за преземање специјалисти од приватни во јавни здравствени установи. Каков е интересот на докторите, колку доктори преминаа во јавното здравство, и колкаво е воопшто кадровското зајакнување на јавните здравствени установи во изминатиот период?

-Морам да кажам дека веројатно почнавме многу срамежливо со овој проект. Моите очекувања и очекувањата на мојот тим беа дека бројката нема да помине од 15-тина до 20-тина доктори кои ќе преминат во јавното здравство. До овој момент имаме 150 доктори кои преминале од приватно во јавно здравство и тоа доктори специјалисти.

Како резултат на овие превземања кои ги направивме, се воведе втора смена, некаде каде што немаше доктори, се пополни тој недостаток, а во сите здравствени установи каде се преземаа здравствени работници се олесни функционирањето на здравствената установа и се овозможи пациентите да имаат подобри здравствена заштита, имајќи предвид дека се преземаат готови специјалисти за кои што е потребно подолг временски период да се креираат. Ако се прими општ лекар, на него му се потребни 5 или 6 години специјализација и тоа е еден период во кој што не може самостојно да работи како специјалист.

Почна кампања за подигнување на свеста за рационална употреба на антибиотици под мотото „Антибиотиците не се храна за да ја одбираш без лекар. Секоја непотребна примена ја намалува нивната ефикасност“. Како ќе се одвива кампањата и со која цел се спроведува?

-Околу милион и двесте антибиотици годишно се препишуваат во Македонија и околу 400 илјади се купуваат. Тоа значи дека самиот овој податок не обврзува да почнеме една ваква сериозна кампања за рационална употреба на антибиотиците, со цел да не станат пациентите односно граѓаните резистентни на антибиотици, па потоа кога е најпотребно да немаат ефект. Започнуваме една подолга кампања во поголем број на градови во Македонија. Сакаме да ја подигнеме свеста кај граѓаните.

todorov33

Многу често сега се случува граѓаните сами да си препишуваат терапија и кога сами се препишуваат веднаш посегнуваат по антибиотици. Дали антибиотикот е потребен, дали со тоа помага на себе, дали си прави определн проблем, тоа граѓанинот го нема во увид и како и како резултат на подолгогодишна „злоупотреба“ на антибиотици може да се јави таа резистентност, која што потоа, како што реков, во сучај кога е многу потребно граѓанинот, односно пациентот може да има проблем. Затоа почнуваме една ваква сеопфатна кампања, сакаме да влијаеме на свеста, да не се дозволи граѓанинот сам да си бара од докторот да му се препише антибиотик или пак сам да оди да си купува.

Ова се повеќе и повеќе треба да се намалува, односно комплетно да се искорени и да дојдеме во ситуација кога ќе може да се користи антибиотик во Македонија само доколку е препишан од страна на лекар и само доколку се исполнети ижодредени предуслови за тој да биде препишан.

Министерството за здравство постојано вложува во набавка на нова опрема за јавните здравствени установи, со цел унапредување на условите за пружање здравствена заштита за населението. Дали во моментов е во тек набавка на нова опрема?

-И покрај тоа што имавме еден огромен тендер за набавка на опреме во вредност од околу 100 милиони евра, кога сите здравствени установи добија нова опрема, ние сепак продолжуваме со овој тренд. Во овој период имавме набавка во вредност од околу 10 милиони евра. Набавуваме нови три компјутерски томографи- за на Детска клиника, Неврологија и еден во Охрид во Св. Еразмо. Набавивме два акцелератори- еден во Штип и еден во Битола, при крај е и градбата на бункерите, што значи дека кон крајот на ноември ќе почне и монтирањето на акцелераторите во овие два града. Исто така се набави и ангеограф за „8 септември“, се чека неговата испорака, се набави и мамограф за Тетово.

Се набави и доста лабораториска опрема преку проектот кој го започнавме за набавка на опрема преку реагенси. Тука се набави најсовремена лабораториска опрема за осум здравствени установи во Македонија и очекувам дека овој тренд ќе продолжи и во иднина, бидејќи опремата е еден од основните столбови на квалитетот во здравството, еден од основните столбови е инфраструктурата вториот е опремата и третиот е чеовечкиот ресурс.

Најавивте дека поголема група доктори од јавните здравствени установи заминуваат на специјализација во странство. Во кои центри ќе се едуцираат докторите?

-Се испратија вкупно 25 доктори на специјализација во странство. 21 беа во последната група и 4 се веќе пратени во Нимберг, односно вкупно во Нимберг се пратени 5 доктори на специјализација, а останатите се испратени во Белград, Загреб и Љубљана.

Од 15 септември почна со работа нов повикувачки центар за медицински совети – „Ало докторе“. Каков е досега интересот од граѓаните? Колку граѓани се јавуваат за медицински совети, консултации?

-Одличен е интересот на граѓаните, гледам дека се приближуваме до бројка од околу 1.000 повици, а тоа значи 1.000 повици помалце на Итна медицинска помош. Тоа се граѓани кои порано се јавувале во Итна медоцонска помош д адобијат некој совет, а еден мал број од тие повици се пренасочени кон Итната медицинска помош. Ги гледав податоците за минатата недела и мислам дека само два повика биле пренасочени кон Итната медицинска помош, што значи дека сите останати повици завршуват со конкретен совет од доктор специјалист.

Во овој проект е вклучени 13 доктори специјалисти, од областа ја интерна медицина, доктори педијатри, но исто така се вклучени и директорите од Универзитетските клиники кои што поминуваат во рамки на овој проект секој ден 4 часа различен директор и гледам дека и тука има интересен фидбек.

Минатата недела најавивте стручен престој на нова група од околу 50 американски доктори-специјалисти кои до крајот на годинава ќе пристигнат во Република Македонија. Какво е досегашното искуство со престој на странски доктори во нашата држава, колкав е бенефитот од нивните обуки и едукации?

-Искуството е многу позитивно, затоа што, кога ќе пратиме едне доктор надвор има одличен ефект за тој доктор, но кога ќе донесеме доктор од надвор во Македонија, тогаш не се обучува еден доктор туку се обучуваат поголем број на доктори, но и сите останати во системот како што се медицински сестри, техничари и сите кои се вклучени во здравствениот систем. Со овој проект, 50 доктори до крајот на годината ќе дојдат само од САД, но има доктори кои доаѓаат и од Германија, Италија, од Швајцарија…

Неодамна го промовиравте концептот на слободни здравствени зони, за кој е веќе подготвен предлог закон. За каков концепт поточно станува збор и како ќе биде уредена слободната здравствена зона во Република Македонија?

-Станува збор за многу интересн концепт кој што за прв пат ќе се промовира на овие простори и со тоа очекуваме да привлечеме инвеститори кои ќе изградат болници во кои што ќе доесат едно мноу високо ниво на знаење и умеење, особено за методи и нтервенции кои воопшто не се работеле во Македонија, или напредни методи и интервенции кои не се работат во Македонија, односно се работат со не толку напредни методи и очекуваме да привлече пациенти од странство да бидат третирани во овие болници.

Истовремено овозможуваме определни бенефиции за оние кои што би граделе во овие зони, генерално тие бенефиции се даночни, во областа на даноците, царините, но исто така и државна помош која е предвидена согласно нашето законодавство, а е во рамките на европските норми и директиви.