Тодоров: ВМРО-ДПМНЕ имаше планови за намалување на невработеноста

ВМРО-ДПМНЕ имаше планови за намалување на невработеноста, отворање на нови работни места и нови инвестиции, но кризата го расцепи македонското национално ткиво.

 

Веќе две ипол години Македонија е во константна криза која беше наметната веднаш по убедливата победата на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година, вели Никола Тодоров во интервју за Телевизија Нова.

„Ние имавме планови за намалување на невработувањето, отворање нови работни места и да не беше оваа криза ќе имаше и повеќе инвестиции во здравството, образованието, ќе се направеа и реформи, но наместо тоа оваа криза за жал ја подели Македонија на две, и го расцепи македонското национално ткиво, ние сме поделени на две, ние сме во ситуација да браќа се караат се мразат, соседи се караат заради политика, а тоа не е суштината на демократијата. Ова се сведе на многу сериозна и примитивна битка и ова мораме да го смениме“, истакна Тодоров.

Ппотенцираше и дека треба сериозно да се размислува и делува за менување на оваа криза, тој мисли и дека прво треба да се разговара и да се најдат разумни решенија за намалување на тензиите и да се врати Македонија во нормален колосек. ЕУ и НАТО се нивните приоритети и тие ќе се борат за тоа.