сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 0

Тодоров: ВМРО – ДПМНЕ постојано е меѓу граѓаните – ветува, реализира и два отчет

todorov-stip-idei-2

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ како по традиција, постојано е меѓу граѓаните, помеѓу тие кои што му ја дале довербата да управува со државата, а довербата ни е дадена врз основа на програма со конкретни рокови, со конкретен буџет, со носители кои треба да ги спроведат тие проекти. Тоа е нов политички стандард кој го воведе ВМРО-ДПМНЕ, а кој претходно не беше познат, ниту прифатен на македонската политичка сцена. Напротив, пред тоа, особено нашите политички противници од СДСМ, излегуваа пред граѓаните со дадено наменско ветување само со цел да се добие гласот, да се седне во фотелјата, а потоа тоа ветување да не се исполни.

Ова го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, на вечерашната трибина во Штип, во рамки на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ „На Македонија и треба твојата идеја”.

ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот Никола Груевски воведе нов стандард да се излезе со конкретна програма, но потоа да се даде и отчет што од таа програма, со која сме ја добиле довербата, сме реализирале, што не сме реализирале и што е во тек, подвлече Тодоров.

Од другата страна, потенцира, имаме политички противник кој во последната година Македонија ја втурна во длабока и сериозна политичка криза.

Пробаа преку креирање на политичка криза и проблем да се стекнат со некој политички поен, но не им успева. Не им успева и тоа се гледа, но тоа ги прави гневни и ги тера да шират омраза, ги доведува до ситуација да го делат народот.

Потсети и дека според анкетата на реномираниот американски институт ИРИ, ВМРО ДПМНЕ има двојна предност пред СДСМ, а Никола Груевски има тројна предност пред Зоран Заев.

Заев има рекорден пад на рејтингот, најголем во историјата на еден политичар во Македонија, 30 проценти му е падот само за период од 4 месеци. Тоа е одговорот на народот. Тоа е така затоа што народот знае кого поддржал, кого поддржува и народот многу добро знае кого сака и кого ќе поддржи на следните избори во април 2016 година, рече Тодоров.

todorov-stip-ideji-1

Тој потенцира дека СДСМ има потреба да го закрвува сопствениот народ и да сее омраза помеѓу него.

СДСМ тоа го прави бидејќи е воден од гнев и тоа од две причини. Првата причина е многу голема, тоа се сите реализирани проекти на Владата предводена од Никола Груевски. Не сакаат да си признаат дека политиките што ги превзема оваа Влада вродува со плод. Невработеноста е главен фокус на премиерот и на владиниот економски тим. Невработеноста во овој момент е 26,8 проценти, тоа е рекордно најнизок процент на невработеност во Македонија. Почнавме од историски највисоко ниво на невработеност, од над 38 проценти, за во овој период да ја сведеме на 26,8, но не на начин како тоа што го правеше СДСМ во минатото- со административно бришење на навработените од АВРМ, напротив- со отворање на нови работни места. Оваа Влада од 2006 до денеска отвори повеќе од 140 илјади нови работни места.

Тодоров ги спомена и другите проекти како што се отписот на долгови, изградбата на патишта, проектите во здравството и образованието, зголемувањето на пензиите за 70 и на социјалната помош за 60 отсто…

Втората причина за гнев на СДСМ е длабока причина. Тоа е фактот што СДСМ смета дека оваа држава природно нив им припаѓа, дека власта во Македонија природно нив им припаѓа. Власта во Македонија не припаѓа на СДСМ. Не припаѓа ниту на СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ. Власта во РМ произлегува и припаѓа на граѓаните на Македонија и само Вие може да одлучите кому ќе ја дадете, кога ќе ја дадете и кога ќе ја земете таа власт. Во Македонија одлучува македонскиот народ и никој друг, а македонскиот народ знае да одлучи, истакна Тодоров.

Најчитани вести