четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 70

Тодоров во Старо Нагоричане: Поддршка од 80% за набавка на високоприносен добиток

Никола Тодоров носител на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалцијата за подобра Македонија од ИЕ2 пред жители од Старо Нагоричане истакна дека државата со 80% ќе ја поддржи набавката на високоприносен добиток со генетски потенцијал од познато потекло.

Нагоричане

Поврзани вести

Овие 80% од трошоците се неповратна финансиска поддршка која ќе се одобри при набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата буша), педигрирани машки и женски приплодни грла овци, педигрирани машки и женски приплодни грла кози и педигрирани свињи (нерези и назимки).Набавката на грлата ќе се врши од признати организации на производители, посочи Тодоров.

nino-1-640x359

Тој образложи дека право на користење на мерката ќе имаат одгледувачи на добиток запишани во Единствениот регистер на земјоделски стопанства, а максималната вредност на прифатливите трошоци ќе изнесува до 6.500.000 денари по корисник.

1

2

3

4

5

Најчитани вести