Тодоров: Во тек се 50 милиони денари инвестиции во Делчево

Трибините кои пред граѓаните ги одржува ВМРО-ДПМНЕ денес продолжуват во Делчево.

Членот на извршниот комитет на владејачката партија, Никола Тодоров во Дневникот на Сител истакна дека граѓаните во Делчево ќе имаат можност да слушнат за проектите кои ги спроведуваат, но и тимот на ВМРО-ДПМНЕ да ги слушне нивните проблеми.

-Ќе зборуваме за проектите кои се направени во овие години од 2006-та па наваму. И во делот на инфраструктурата, здравството, земјоделството, образованието. Ќе потсетиме дека над 100 милиони денари се вложени во изградба и реконструкција на локални и регионални патишта овде во Делчево и дека околу 50 милиони денари инвестиции се во тек, истакна Тодоров.

Тој посочи дека нивниот стил на работење како партија се базира на програма која е јавно објавена и за која даваат отчет.

Покрај Тодоров, пред граѓаните ќе се обратат координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски и потпретседателот на Собранието на Република Македонија Антонио Милошоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.