Тодоров: И во време на политичка криза, квалитетните политики на Владата донесоа нови инвестиции

Од оваа криза која трае речиси 2 годни, најмногу изгубија граѓаните и државата. Ништо не се доби од двојното одложување на изборите и од продолжувањето на кризата, смета министерот Никола Тодоров, кој денеска гостуваше во Отвореното студио на ТВ Нова.

Македонија оваа криза ја чинеше многу од секој аспект. Да не заборавиме со какви се не алатки се служеа СДСМ целиот период. Има многу предизвици на дневна основа и да не заборавиме дека се креваше паника со повлекување на средства од банките. Тоа не чинеше милини. Се имаше за цел да се сруши целиот економски систем и не може некој да ми каже дека тоа не беше смислено и дека не беше сценарио, вели Тодоров.

Македонија ја чинеа многу и уништувањето на објекти и споменици, страдаа мали и големи бизниси, се предомислуваа инвеститори.

За среќа имаме поставено сериозно добар финансиски систем кој ни овозможи на период на силна политичка криза да имаме инвеститори и тие да доаѓаат и да продолжат да доаѓаат и инвестираат. Поради добрите стабилни политики,бизнис климата ,успеавме и во услови на политичка криза да се отвораат нови работни места, ако не беше кризата бројката ќе беше поголема, повеќе нови работи места, повеќе инвеститори, вели Тодоров и додава дека токму затоа бараат што поскоро да се заврши кризата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.