Тодоров: За мерката „Од град во село“ државата годишно ќе одвојува до милион евра

Во програмата Реално предвидуваме еден многу интересен и значаен проект за нов почеток, за враќање од град во село. Овој проект се однесува на лица кои што се до 45 години кои што живееле на село, кои што таму се уште имаат некоја куќа или па ја продале куќата односно немаат куќа, како и за невработени лица или пак за вработени лица но кои што имаат ниски приходи, односно приходи кои што не ја надминуваат просечната плата во република Македонија, истакна денес носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2 Никола Тодоров.

Тој посочи дека на лицата кои што ќе изразат интерес да се вратат од град во село, државата им обезбедува еднократна помош во висина до 6.000 евра, за изградба на куќа или за доградба на куќата што ја имаат таму, им обезбедува 15.000 денари месечно, во период од 18 месеци и тоа се средства кои што треба да им помогнат подобро да се акомодираат односно да започнат свој бизнис таму.

-Исто така им овозможува и да се додели земјиште доколку се занимаваат со полјоделство до 3 хектари, а доколку се занимаваат со сточарство и до 5 хектари или до 10 хектари. Исто така ќе имаат и многу други поволности како што се поволноста да ја користат мерката 60 проценти од трошокот за набавка на трактор или друга механизација да му биде покриена од државата или пак 80 проценти од трошокот за инсталирање на систем капка по капка или пак 80 проценти од трошокот за набавка на високоприносен добиток. Станува збор за една многу сериозна мерка за која што државата ќе одвојува до еден милион евра секоја година и со која што ќе се обиде државата да помогне на оние лица кои што ете се невработени или живеат во град и имаат финансиски потешкотии, а имаат некој имот во село или живееле на село да можат да се вратат таму и со една сериозна поддршка од државата пред се финансиска поддршка, но и со поддршка во земја или обуки или друг тип на поддршка да можат да основаат свое земјоделско стопанство и на тој начин да се стекнат со работа за себе и со подобра егзистенција за нивното семејство, заклучи Тодоров.