Тодоров: Заев е уценет од сценаристот

тодоров

СДСМ упорно молчи за нашиот предлог кој не е ништо друго туку подадена рака за спас на државата од разнебитување. Знам дека се уценети и знам дека се плашат од сценаристот и јасно е дека кога ја прифатиле оваа прљава игра се согласиле на условите кои сценаристот им ги поставил, објави на социјалните мрежи Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Договорот помеѓу сценаристот и СДСМ накратко може да се дефинира вака: јас (сценаристот) се обврзувам да ве донесам на власт, а вие(СДСМ) се обврзувате да направите се она што јас(сценаристот) ќе ви го кажам. Ваков договор склучува само очајник кој по секоја цена сака да се дограби до власт. Ваков договор не склучува државотворна партија. Ваков договор МАКЕДОНЕЦ не склучува. Ваква, туѓа, платформа Македонија не прифаќа, напиша Тодоров.

slika-1

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.