Тохир демантира дека преговара со Де Бур

Новиот сопственик на италијанскиот калчо гигант Интер, индонезискиот бизнисмен Ерик Тохир, експресно ја демантираше пласираната шпекулација од италијанските медиуми дека на крајот од актуелната сезона ќе ја прекине соработката со актуелниот тренер, Валтер Мацари и на негово место ќе го ангажира предводникот на холандскиот прволигаш Ајакс, Франк де Бур.

„Да, изјавив дека ми се допаѓа неговиот стил на работа, дека Де Бур е одличен тренер, но не е точна информацијата дека сме седнале на преговарачката маса, дека преговараме со тренерот на Ајакс. Јас лично не го познавам Де Бур, не сум остварил некаков контакт со трофејниот тренер или со неговиот агент”, изјави Тохир.