Тохир го купува Џеко и тоа по секоја цена

Амбициозниот сопственик на италијанскиот калчо гигант Интер, индонезискиот бизнисмен Ерик Тохир и понатаму не се откажува од намерата да ги осигура услугите на босанскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Един Џеко.

Близок извор до клубот потврди дека првиот човек на Интер веќе остварил контакт со агентот на искусниот напаѓач и дека целата ситуација околу можниот трансфер ќе добие појасна слика на почетокот од месец мај.

„Џеко е приоритет број еден на Тохир. Сите во клубот се свесни дека Интер има потреба од еден елитен напаѓач. Точно дека има и интерес за шпанскиот интернационалец од редовите на Челзи, Фернандо Торес, но Шпанецот има неприфатлива годишна плата. Интер не може да си дозволи годишна плата поголема од 4 мил. евра. Џеко сигурно ќе се задоволи со таква плата, а ќе има и статус на стандарден првотимец. Тохир веќе оствари контакт со агентот на босанскиот интернационалец, а појасна слика околу можниот трансфер ќе имаме на почетокот од месец мај”, изјави анонимниот извор.