Тохир има две желби, Торес и Џеко

И спортскиот директор на италијанскиот калчо гигант Интер, Пиеро Аусилио, потврди дека шпанскиот интернационалец од редовите на Челзи, Фернандо Торес и репрезентативецот на БиХ од редовите на Манчестер Сити, Един Џеко, се желба на новиот сопственик на “нероазурите”, Ерик Тохир.

“Еве, ќе ги тргнеме на страна имињата кои постојано се повторуваат во фудбалските медиуми. Точно дека има интерес и за Торес и за Џеко. Интер работи во таа насока, Интер е во потрага по напаѓач од светска класа. Ние не сме заинтересирани за фудбалери кои имаат преголема или нереална годишна плата. Мора да бидеме покреативни, мора да искористиме уште неколку извори, неколку идеи за да реализираме еден капитален трансфер за време на летниот преоден рок”, изјави спортскиот директор на Интер.