Тохир најави понуда за Торес, Џеко, Мората и Сања

Новиот сопственик на италијанскиот калчо гигант Интер, индонезискиот бизнисмен Ерик Тохир, го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека е можно да испрати примамлива понуда за напаѓачите на Реал (М), Манчестер Сити и Челзи, Алваро Мората, Един Џеко и Фернандо Торес.

„Подготвен сум да понудам голема парична сума или за нов напаѓач или за нов играч за врска. Заинтересиран сум само за искусни фудбалери. Постојано чтам дека Интер подготвува понуда за Тторес, Мората и Џеко. Можно еден од нив да се пресели на “Џузепе Меаца” за време на летниот преоден рок”, изјави Тохир.

Првиот човек на „нероазурите“ додаде дека сака да ги осигура и услугите на офанзивниот десен бек од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Бакари Сања, но додаде дека тој трансфер зависи само од францускиот интернационалец.

„Да, ни се допаѓа Сања. Би сакале да ги осигураме неговите услуги, но тука фудбалерот го има последниот збор. Сања ќе има статус на слободен фудбалер на крајот од актуелната сезона и самиот ќе одлучи каква ќе биде неговата иднина,“ изјави Тохир.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.