Тохир потврди дека Маѕари има уште некој кредит

И покрај очајните резултати во пролетниот дел од актуелната сезона, новиот сопственик на италијанскиот калчо гигант Интер, Ерик Тохир потврди дека нема да ја прекине соработката со актуелниот предводник на “нероазурите”, Валтер Маѕари.

“Можам да гарантирам и тоа со 100% сигурност дека Маѕари ќе биде тренер на Интер и во новата клупска сезона. Мора да одиграме што е можно подобро во последните шест натпревари од актуелната сезона. Потребна е вистинска реакција и тоа од сите, од ние кои сме дел од клупското раководство, од тренерот и од фудбалерите. Кога ќе заврши актуелната сезона, нашето внимание ќе биде насочено кон пазарот на фудбалери. Ќе пробам да ангажирам неколку квалитетни засилувања, кои ќе го подобрат и така добриот квалитет на овој тим”, изјави познатиот бизнисмен од Индонезија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.