Тохир повторно ги разочара фановите на Интер

Новиот сопственик на италијанскиот калчо гигант Интер, бизнисменот Ерик Тохир повторно ги разочара најверните фанови но сега со изјавата дека клубот нема да ангажира фудбалер од светска класа за време на зимскиот преоден рок.

“Во јануари ќе направам една детална анализиа на првиот тим. На неколку позиции имаме премногу фудбалери, а на некои немаме доволно. Ќе побараме фудбалери кои ќе ги пополнат тие позиции. Јас имам многу јасен проект и тука нема никаква дилема. Сакам да изградам здрав, конкурентен и интересен клуб. Ова е транзициска година, почнуваме од нула, ова е последната година е една фантастична ера. Пазарот секогаш нуди многу опции, но нашите фанови да не очекуваат некоја бомба. Сепак ако добиеме некоја шанса, сигурно дека истата ќе ја искористиме”, изјави Тохир.