Тохир сака со Нани да ги смири фановите на Интер

Новиот сопственик на италијанскиот калчо гигант Интер, индонезискиот бизнисмен Ерик Тохир, е на добар пат да го реализира својот прв поголем трансфер откако и официјално беше именуван за наследник на легендарниот Масимо Морати.

Италијанските медиуми се убедени дека фудбалскиот храм “Џузепе Меаца” ќе биде следната дестинација на португалскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед, Нани.

Сопственикот на Интер сака прво да ги позајми услугите на крилниот напаѓач, а потоа на крајот од актуелната сезона да го откупи неговиот договор со понуда не помала од 13 милиони евра.

Првиот човек на Интер е подготвен во обратната насока да го испрати и малдиот дефанзивец Ибрахима М’Баје кој е проценет на пет милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.