Тохир се предомисли, Гуарин не е за продажба

Техничкиот директор на италијанскиот калчо гигант Интер, Пиеро Аусилио, потврди дека колумбискиот интернационалец, Фреди Гуарин нема да биде продаден на лондонскиот премиерлигаш Челзи за време на зимскиот преоден рок.

„Гуарин и понатаму е фудбалер на Интер и ние со задоволство ќе го задржиме на “Џузепе Меаца”. Не можам да го негирам фактот дека преговаравме со челниците на Челзи, но истите беа прекинати откако ја слушнавме желбата на Фреди кој јасно кажа дека сака да остане во Милано. Ние сме горди на фактот дека Челзи е заинтересиран за еден фудбалер на Интер. Среќни сме што Гуарин уште многу сезони ќе го носи дресот на Интер. Фреди е од голема важност за Интер и ние не сакаме да го продадеме”, изјави техничкиот директот на „нероазурите“, Пиеро Аусилио.