Тохир во потрага по фудбалер како Давидс или Гатузо

Новиот сопственик на италијанскиот калчо гигант Интер, Ерик Тохир, откри дека е во потрага по фудбалер кој има слични карактеристики како легендарниот репрезентативец на Холандија, Едгар Давидс.

“Дали имаме потреба од нови фудбалери? Јас можам да кажам дека имаме добра база со фудбалери. Тука е Икарди кој полека но сигурно израснува во одличен фудбалер. Го имаме Паласио кој е прв избор кога е во прашање нападот. Херанес и Ковачиќ треба да се главни во средиот ред, а Хандановиќ, Видиќ и Хуан Жесус во дефанзивната линија. Интер има потреба од силен играч за врска, Интер има потреба од фудбалер кој има исти карактеристики како Едгар Давидс, како Џенаро Гатузо. Кој ќе трча 90 минути и кој ќе се бори за секоја топка”, изјави Тохир.