“Тојота“ нема да продава дизел возила во Европа

Јапонскиот автомобилски гигант „Тојота“ веќе нема да продава возила на дизел погон во Европа. Извршниот директор на „Тојота“ за Европа, Јохан ван Зил, истакнува дека компанијата веќе нема да развива дизел технологија, туку ќе се концентрира на хибридни возила.

Јапонскиот гигант ја донел одлуката по огромниот пад на побарувачката за дизел мотори на Стариот континент, која започна во 2015 година по аферата „Dieselgate“ и манипулацијата со резултатите од тестовите за емисии на штетни гасови.

„Тојота“ својата одлука ја соопшти на тековниот Саем за автомобили во Женева една недела откако германскиот суд одобри забрана за дизел возила да можат да носат градските власти насекаде низ Германија.
Минатата година околу 15 проценти од продадените возила на „Тојота“ биле со дизел погон, што е за половина помалку споредбено со 2012 година.Во исто време, продажбата на хибридни возила на Toyota постојано се зголемува.