Токсините, главен проблем на денешницата!

За многу токсини истражувањата и студиите покажуваат дека предизвукуваат низа на нервно-дегенеративни, авто-имуни и генетските болести, рак итн.  РЕНС во основа е препарат за детоксификација па така на себе ги врзува и ги вади од себе повеќе познати отрови и токсични метали, вели во интервју за „Нетпрес“, Зоран Дерновшек, иноватор на препаратот РЕНС.

Во едно од вашите интервјуа напоменвте дека токсините се една од причините заради која се јавува аутизмот. Што се токсините и според вас кои други заболувања може да се јават од токсините и како РЕНС може да помогне?

Токсините се елементи, материјата која кога ќе дојде во контакт со живите суштества може да предизвика несакани промени.  Исто така, зависно од количината, некој материи се класифицираат како токсини и секако дека количината е битна. Како на пример кофеинот во мали количини е стимуланс, но во големи може да влијае токсично. Па така, не станува збор само за тоа дали една материја е токсична, туку дека отровите во телото се акумулираат и дека таа акумулација во даден момент може да стане токсична за телото кога прагот на личната толеранција ќе се надмине. Луѓето се секојдневно изложени на токсини и тие се таложат во телото во текот на животот и тоа само по себе претставува проблем. Многу од материите кои влегуваат во телото  не можат да излезат по природен пат, а најчесто се акумулираат во ткивата коишто и најспоро се обновуваат.  За многу токсини истражувањата и студиите покажуваат дека предизвукуваат низа на нервно-дегенеративни, авто-имуни и генетските болести, рак итн. РЕНС во основа е препарат за детоксификација, па така на себе ги врзува и ги вади од себе повеќе познати отрови и токсични метали.

Како правите тестирање на загаденост на организмот со токсини и дали токсините се поврзани со недостатоци кои можат да се појават во телотот?

Тестирањето се прави на два начини. Ако се тестираат токсини во мозокот тогаш се користи тест на коса, а ако се тестираат токсини во тело почесто се користи тест на крвта. Покрај тоа постои и тест на урина кај т.н. провокативни тестови за присутност на тешки метали.  Тоа се главните методи за тестирање на тешки метали кај живи луѓе. Кај мртвите се тестира преку крематориумски тест (се уништува дел од ткивото за да се добијат тешки метали).

Јас примарно користам тест на коса кај живи луѓе којшто се прави во САД.

Од тестовите на коса обично имаме два дела од резултатот. Првиот дел ни кажува колкава е присутноста на отровниот метал во мозочната течност, а вториот ни ја покажува состајбата на витамини и минерали. Познато е дека поедини минерали и витамини  имаат корелација со отровните метали, па од резултатите можеме да видиме каква е ситуацијата во мозокот и тоа само ако правиме неколку теста кои покажуваат можни проблеми во мозокот поради токсичност.

Пример, ако алуминиумот е многу низок а истовремено се гледа дека селенот е низок тогаш најверојатно има алуминиум во мозочните клетки. А, ако алуминиумот е низок а селенот е нормален или висок, тогаш знаеме дека веројатно нема алуминиум во мозочните клетки, но можно е да има други метали.  Тоа е на пример еден пар на метали. Едниот корисен– селен, а другиот неуротоксин-алуминиум.

Зоран Дерновшек
Зоран Дерновшек

Кој од токсините е најштетен за телото?

Најштетни токсини се наноконтаминанти и некој хемиски отрови. Наноконтаминанти се метали кои во природата не постојат во тој облик, па телото не може да ги препознае и исфрли. Тие се вештачки направени и се многу мали и поминуваат низ крвната бариера и се таложат во меките ткива кои најбавно се обновуваат – нервниот систем и коските.

Како гледате на проблемот дека се користат многу токсични препрати во домаќинството?

За поголем број на хемиски средства постојат природни алтернативи кои јас лично би ги избрал. Да не ги затвораме очите, токсините секогаш ќе бидат присутни околу нас и на еден или друг начин ќе влезат во нашето тело, поради тоа апсолутната детоксификација не постои.

 Зошто РЕНС е решение за детокс?

РЕНС е природен препарат и како таков нема сериозни познати негативни ефекти. Во некои случаи на силно,  не намерно предозирање, се’ се има завршено без последици. Дел од РЕНС функционира на нано ниво, па со тоа успешно ги открива и ги врзува на себе нано отровите за кој досега немало вистински решенија. Покрај тоа и РЕНС-от делува многу брзо и му помага на телото полесно и побрзо да се опорави. Моментално тоа е најбрзиот, наједноставниот и најсигурниот протокол за детокс кој е познат.  Ако некој би сакал да го превиди тоа и да тврди дека РЕНС- от не е решение, тогаш треба да измисли подобро решение.