Спорт

Толку од љубовта помеѓу Манџукиќ и Баерн (М)

Толку од љубовта помеѓу Манџукиќ и Баерн (М)

Дека заврши љубовта помеѓу челниците на актуелниот светски и европски клупски шампион Баерн (М) и хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ потврди и спортскиот директор на баварскиот гигант Матиас Замер.

Главниот оперативец на германскиот бундеслигаш откри зошто брзоногиот напаѓач од пред малите екрани го следел првенствениот натпревар против екипата на Борусија од Менхенгладбах.

„Марио не се турудеше доволно на последните неколку тренинзи, не тренираше како што треба. Тренерот донесе одлука дека Марио нема да биде во комбинација за првенствениот натпревар против екипата на Борусија М. Точно дека сме изненадени од однесувањето на Манџукиќ, кој до пред извесен период тренираше како животно. Ваквата ситуација нема никаква допирна точна со трансферот на Левандовски. Едно е сигурно, Марио нема да си замине од Минхен за време на зимскиот преоден рок”, изјави Замер.

И покрај чврстиот став на клупските челници дека Манџукиќ не е за продажба, германските медиуми се убедени дека хрватскиот интернационалец ќе побара да биде продаден за време на зимскиот преоден рок, а до сега најголем интерес за неговите услуги имаат покажано челниците на Реал (М), Арсенал, Манчестер Јунајтед и Јувентус.