Толку од Португалија и Кики Роналдо

Репрезентативците на Португалија забележаа пирова победа од 2:1 во дуелот против селекцијата на Гана и поради послабата гол разлика, Кристијано Роналдо и неговата дружинаа мораа порано од предвиденото да се збогуваат со Мундијалот во Бразил.

Португалија дојде во водство со автоголот на Боје, но Асамоа Гиан во 57 минута донесе заслужено израмнување.
Погодокот вреден три бода, постигнат во 80 минута, беше дело на најдобриот фудбалер на денешницата, Крситијано Роналдо.

“Ова е лош резултат за Португалија, нема по убаво да го паметиме Мундијалот во Бразил. Не ја исполнивме зацртаната цел, но мислам дека заслуживме ваков успех, ги заслуживме сите три резултати. Германија и САД заслужија пласман во следната рунда. Вината за неуспехот можам да ја лоцирам во конечниот резултат од првиот натпревар. Поразот од Германија влијаеше врз нашата самодоверба, бевме шокорани и мнугу тажни, не можевме веднаш да се вратиме на победничката патека. Имаме голема лузна од тој натпревар”, изјави предводникот на Португалија, Пауло Бенто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.