Толпата што протестираше на Бит Пазар се разотиде

Демонстрантите кои протестираа на Бит Пазар се разотидоа. Протестот помина без поголеми инциденти, освен што во два-три наврати имаше туркање со полицијата и фрлање камења по неа.

Тие најавија дека нема да се откажат од протести, се додека обвинетите во случајот „Монструм“ не бидат ослободени.