Том Хенкс, најомилен актер во САД

Актерската ѕвезда Том Хенкс (59) вечерва може да излезе со пријателите за да ја прослави титулата „најомилен глумец во САД“.

Имено, во најновиот избор, Хенкс од „престолот го симна“ ланскиот миленик на Американците меѓу глумците, Дензел Вашингтон.

Славниот актер досега глумел во повеќе од 70 филмови, од кои повеќето постигнаа голем успех. Хенкс првпат се појави на големото платно во 1980 година во филмот „He Knows You’re Alone“.

Зад Хенкс на второто место на листата се најде Џони Деп, кој оваа година се закити со титулата „најплатен глумец“.

Годинава, Дензел Вашингтон и неговата заразна насмевка се на третото место, а на споменатата листа меѓу првите десет се и Џон Вејн, Харисон Форд, Клинт Иствуд и Бред Пит.

Што се однесува на холивудските актерки, како што се очекуваше, во топ 10 се најдоа Сандра Булок, Џенифер Лоренс и Џулија Робертс.