Том и Џери денеска слават 75-ти роденден

Многу деца израснаа со најдобрите, но и најпопуларните цртани филмови на светот. Денеска јунаците Том и Џери „полнат“ 75 години!

Легендарниот анимиран филм на Вилијам Хана и Џозеф Бербера денес полни 75 години!

Цртаниот филм кој ги придружуваше авантурите на главните актери, мачката Том и глувчето Џери, и нивното комично насилство, од страна на магазинот “Time” е вброен меѓу најдобрите телевизиски серии на сите времиња.

Оригиналната серија од 114 епизоди била создадена за МГМ студиото во периодот од 1940 до 1957. Во овој период Хана и Бербера добиле седум оскари.

download

Во првата епизода, во далечната 1940 година, главните ликови имале малку поинакви имиња. Том се викал Џаспер, а глувчето Џери го носело името Џинкс. Сепак, аниматор Џон Кар една година подоцна го заменил името на парот во Том и Џери, а Том и Џери било заедничко име од 19 век со кое се опишувале младите во Лондон склони на диво однесување.

Со текот на годините, Хана и Барбера биле заменети со Џин Деич(1961-1962), Чак Џонс (1953-1967), a “Cartoon Network” неодамна објави нова серија, која се состои од два 11-минути анимирани филмови создадени во визуелен стил на оригиналната серија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.