Спорт

Том Инс преговара со газдата на Интер

Том Инс преговара со газдата на Интер

Синот на поранешниот репрезентативец на Англија, Пол Инс, Том Инс, потврди дека веќе неколку дена престојува во Милано каде преговара со сопственикот на италијанскиот калчо гигант Интер, индонезискиот бизнисмен, Ерик Тохир.
Крилниот напаѓач за неколку сезони ќе има статус на слободен фудбалер, а во пролетниот дел од изминатата сезона запиша само осум настапи во дресот на лондонскиот премиерлигаш Кристал Палас.

„За мене ова е нешто фантастично, невидена авантура. Кога имав пет години, го гледав мојот татко како го носи дресот на Интер, ја почуствував атмосферата на “Џузепе Меаца”. Ова е како сон за мене. Веќе разговарав со сопственикот на Интер. Ми кажа дека сака да изгради еден моќен тим, тим кој ќе конкурентен и во Италија и во Европа”, изјави Инс.