петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Том Круз пречка во снимањето на „Невозможна мисија“

tom kruz

Последни вести

Снимањето на шестиот филм од серијалот „Невозможна мисија“, се чини, нема скоро да започне, оти Том Круз и продукциската куќа „Парамаунт Пикчрс“ никако не можат да се договорат за хонорарот на водечкиот актер.

Последното продолжение од франшизата, насловено „Невозможна мисија – Непријателска нација“ заработи преку 680 милиони долари. Почетокот на снимањето на продолжетокот на таа приказна беше планирано за по Нова Година. Меѓутоа, изгледа тоа сепак ќе се одложи, бидејќи Круз не може да се договори со продуцентите околу неговата заработка.

Извор наведува дека актерот бара таа да одговара на сумата што тој ја земал за филмот „Мумија“ закажан за јуни 2017 година.

Најчитани вести