Томас Милер е прва летна аквизиција на Манчестер Јунајтед

Иако се уште не е именуван за нов менаџер на Манчестер Јунајтед, англиските медиуми се убедени дека тоа ќе се случи веќе во среда, актуелниот селектор на фудбалската репрезентација на Холандија, Луи ван Гал, веќе го составил списокотв со фудбалери кои би требало да пристигнат на “Олд Трафорд” за време на летниот преоден рок.

Прв на списокот е резервниот напаѓач на се уште актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Томас Милер.

Дека шансите за реализиација на овој трансфер се многу големи потврдија и германските медиуми кои открија дека напаѓачот пред неколку дена имал состанок со извршниот директор на Баерн (М), Карл Хаинц Румениге и за време на истиот го информирал дека сака да биде продаден за време на летниот преоден рок.
Од продажбата на репрезентативецот на Германија, раководните лица на Баерн (М) очекуваат заработувачка од најмалку 30 мил. евра.