Томас Милер го расипа големото славење на Баерн (М)

Стрелецот на вториот погодок во првиот 1/8 финален дуел против Арсенал во Лигата на шампиони, Томас Милер, по натпреварот во Лондон изјави дека не е среќен што се почесто ја грее клупата за резервни фудбалери.

“Искрено, не бев изненаден кога слушнав дека и овој натпревар ќе го започнам од клупата за резервни фудбалери. Пред натпреварот имав средба со нашиот тренер Пеп Гвардиола и тој ми кажа дека Манџукиќ ќе го започне натпреварот, а јас ќе бидам на клупата за резервни фудбалери. Нормално дека не сум среќен, но Гвардиола добро знае дека јас сум тимски играч. Среќен сум што натпреварот се игра 90, а не 60 минути. Среќен сум што добив шанса во второто полувреме и што му помогнав на мојот тим”, изјави репрезентативецот на Германија кој подолг временски период важи за голема желба на каталонскиот гигант Барселона.