Томас Вермален потпиша за Барселона

Репрезентативецот на Белгија, Томас Вермален се договори со екипата на Барселона и во следните три години ќе го носи дресот на тимот од Каталонија. Тој во саботата ги помина лекарските прегледи и веднаш потоа го стави потписот на договорот така што трансферот стана официјален.

Вермален ќе ја чини Барселона 19 милиони евра, а играчот вели дека со ова исполнил свој сон и дека со нетрпение го очекува стартот на новата сезона.

„Ова е како остварување на детскиот сон. Презадоволен сум од тоа што можам да играм рамо до рамо со најдобрите фудбалери во светот. Мојот мотив е огромен. Среќен сум што дојдов в еден од најголемите клубови во светот. Не мислам дека ова ќе биде притисок за мене. Ова дефинитивно е најдобриот момент во мојата кариера. Знам дека нема да биде лесно, но јас сум убеден дека ќе успеам да се снајдам и да се адаптирам во клубот“, вели Вермален кој веќе забрзано го учи шпанскиот јазик.