Тоневски: 300 нови вработувања во леарницата во Пробиштип

За проектот „Купи куќа за млади“ разговаравме за површина од 20 хектари, за урбанизација на околу 350- 400 парцели, изјави градоначалникот на Општина Пробиштип Тони Тоневски на денешниот состанок со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Во делот на индустриските зони, резултатите во Пробиштип се одлични. Во едната зона во градот веќе работат дестина компании во кои се ангажирани околу 700 лица. Во втората зона 2 локации се веќе продадени, а паралелно сe работи на решавање на имотно-правните аспекти за уште една. Истовремено, покрај овие зони веќе се градат капацитетите на Леарницата, странска инвестиција од 22 милиони евра и вработување на 300 лица. Компанијата веќе почна постапки за вработување и се очекува до нова година да почне со пробно производство, рече Тоневски.

Тоневски нагласи дека тоа е значајна инвестиција за Пробиштип која отвори и дополнителен интерес од други странски компании.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.