петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 55

Тони Блер намерно дозволил во Британија да влезат над 2 милиони мигранти

toni-bler-1-1

Последни вести

Тони Блер охрабрил над два милиони повеќе имигранти во Велика Британија од очекуваното, открива нова популарна книга, пренесува британски „Сан“.

Без никој да знае, поранешниот премиер драматично ги олсенил законите за да им дозволи на странските сопружници и студентите да останат во Велика Британија. Тој им наредил на министрите да дадат одобренија за десетици илјади лица кои барале азил во Велика Британија под како „економски мигранти“, открива книгата на која што се повикува Дејли Меил.

До министерот надлежен за работите на границите било доставено правило против депортирање не барателите, бидејќи тоа би било премногу „емоционално“. Наводно Блер им рекол на миинистрите и функционерите: „Немојте да говорите за предностите на имиграција во јавноста, бидејќи тие дури нема ниту да го сакаат тоа“.

Во книгата се вели дека 350.000 баратели на азил биле преименувани како економски мигранти за да се избегне незадоволството во јавноста. Блер дал зелено светло за 150.000 работни дозволи, додава авторот, и поголемиот дел од корисниците, вклучувајќи ги и неквалификуваните лица, станале државјани на Велика Британија.

Барбара Рош, министерка за имиграција во периодот меѓу 1999 и 2001 година, наводно, му рекла на високиот претставник на имиграција: На барателите на азил треба да им биде дозволено да останат во Велика Британија.

Стивен Бојс Смит, тогашен шеф Канцеларијата за имиграцијата, рече: „Беше јасно дека Рош сака повеќе мигранти да влезат во Британија.

Таа не гледаше на својата работа како контрола за влез во Велика Британија, туку ја гледаше пошироката слика во корист на мултикултурно општество.

Авторот, истражувачки новинар, интервјуирал повеќе од 200 високи државни службеници, поранешни министри и други добро запознаени лица со состојбите за книгата.

Најчитани вести