Свет

Тони Блер предупредува на опасност од исламски екстремизам

Тони Блер предупредува на опасност од исламски екстремизам

Поранешниот британски премиер Тони Блер ги преудупреди денеска западните лидери дека мора да ги остават настрана несогласувањата со Русија и Украина, за да го насочат вниманието на опасноста од исламски екстремизам.

Некогашниот британски прв министер кој сега има функција на меѓународен пратеник за Блискиот исток, во говорот во Лонодн изјави дека моќните земји мораат да одберат страна и да поддржат група на широки сфаќања.

Тој ги повика западните лидери да го покренат прашањето на верски екстремизам на врвот на својата агенда и нагласи дека западните земји мора да соработуваат со останатите земји, посебно со Русија и Кина, без разлика на останатите несогласувања.

Поранешниот британски премиер изјави дека во светот се шири опасност од радикални сфаќања кои „ја искривуваат и завиткуваат реалната порака на Исламот“.

„Тоа ја дестабилизира заедницата, дури и државата. Тоа ја потткопува можноста за мирен соживот во ерата на глобализацијата“ изјави Блер.