Тони Михајловски: Доаѓаме да ја покажеме силата на нашата љубов кон мајките, борците, земјата

Актерот Тони Михајловски преку својот Фејсбук профил го најави своето присуство на вечерашниот народен собир пред Собранието кој го организира ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе кажат дека денес ќе дојдеме на сила. Дека некој не натерал да дојдеме. Знаеме дека така ќе кажат, затоа што а зинат-лажат.
Ќе кажат дека одродените и душманите на овој народ биле – народ.
Ниту биле ниту ќе бидат, ама така ќе кажат затоа што а зинат-лажат.
Ќе кажат дека тие биле 100.000 на број. Нека кажат. Знаеме дека а зинат-лажат
Не доаѓаме на сила. Доаѓаме да ја покажеме силата на нашата љубов. Љубовта кон мајките наши, кон борците, кон децата и земјата. Доаѓаме не заради нив туку заради нас. Доаѓаме
и не ни е гајле што тие ќе кажат се дури а зинат-лажат.
Доаѓаме да ја донесеме вистината за Македонија!“

toni500

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.