Тони Михајловски со хакнат ФБ профил

Фејсбук профилот на актерот Тони Михајловски е хакиран. Актерот вели дека не може да го отвори сопствениот профил и му бара да го верификува името.

На оние кои го направиле тоа им порачува дека „државата не се брани со Фејсбук профили, и лајкови, туку со дела, душа и тело.“

Профилот на актерот кој во изиматиот период честопати се искажуваше за актуелните состојби повеќе не постои на Фејсбук и тој не може да го користи.