Тони Михајловски: За ова се спремаше теренот цело време

 За ова се спремаше теренот цело време. Ако можевме да се напаѓаме меѓу себе цело време, зошто тогаш не би можел било кој друг да не нападне. Јазот меѓу нас секогаш го користеле нашите душмани за нивните цели, пишува Тони Михајловски, на својот Фејсбук профил.

„Тој јаз ние самите го копаме а во последниве неколку месеци ништо друго и не правевме. Ако ние ја напаѓавме нашата полиција што го спречува душманот да го прави тоа. Напротив, му дава дозвола да го направи тоа, а таа дозвола му ја дадовме ние. Поточно вие што фрлавте дрвја и камења по полицијата, ама нели сме ист народ. И ние како народ 25 години не се договоривме дека Македонија ни е вечниот интерес на сите а тоа покажува колку сме едно исто.

На некој начин можам да ги разберам албанците. Тие имаат сон. И тој сон се вика Голема Албанија. И во тоа се единствени сите без разлика на која партија припаѓаат и колку се спротивставени во идеологиите.

Кој е нашиот сон? Немаме. Нашите соништа станаа ноќна мора затоа што ние го имаме СДС кој уште жали по Југославија и без Београд не знае како да води држава. СДС кој досега со сите свои стратегии и дела докажа дека животот на обичниот човек му е безвреден, било да се на власт или во опозиција. Колку повеќе се опозиција толку побезвреден е животот, ама не дека нешто се менувало кога доаѓале на власт.

Ние го имаме Сорос кој годишно инвестира 5 мил евра за уништување на соништата, напредокот и иднината. 100 милиони до сега. Замислете да беа вложени во напредок за Македонија. Не замислувајте. Тоа никогаш нема да се случи.

Тие знаат само да го подметнуваат своето јајце во туѓи гнезда и вината да ја префрлаат на друг. Еве тоа и сега го прават. Професорот рече дека ова се платеници кои сакаат да ја дестабилизираат земјава. Професорот знае. Плаќа такви цело време. Јас му верувам. Верувам дека и овие ги платил. И верувам дека ова е само мал дел. Големото допрва ќе следува.

Црпнатиот си ја прати фамилијата во Швајцарија. Доста симболично само кој да го протолкува.
Денес се отвораат нови тефтери. Не ќелеш и ќелепур тефтери. Се отвораат тефтери за предавниците и нивните имиња се испишуваат со крв.

Не очекувам да се соберат и со жив штит да ги бранат полицајците што гинат за нашиот мир. Далеку од тоа дека ќе се стават фантомките за да се брани земјата со бекатон плочки. Не верувам дека ќе извадите кармин и ќе им нудите цвеќе. Вунаа викаат во Куманово.Сега е време за вистинска војна, а се знае кој ќе оди во војна а кој во Грчка.
Само сте се измамиле во сметката. Таа уште не е затворена и овој пат секој ќе го плати своето.

Проклети да се предавниците!“

ФБ статус на Тони Михајловски