Спорт

Тони Надал: Ѓоковиќ е подобар тенисер од мојот внук

Тони Надал: Ѓоковиќ е подобар тенисер од мојот внук

Тренерот и чичко на Рафаел Надал, Тони кој важи за човек без влакна на јазикот даде една невообичаена изјава со која неговиот штитеник и внук го стави во втор план, односно истакна дека Новак Ѓоковиќ е подобар тенисер од Шпанецот.

Според Тони, Федерер е најдобар тенисер на сите времиња, а пак најблиску до Швајцарецот е Ѓоковиќ, иако Рафа има повеќе освоени титули од Србинот.

– Рафел има освоено многу повеќе титули од Ѓоковиќ, но кога се зборува за тенисот и за играта, Рафа е на пониско ниво од Ѓоковиќ. Србинот е толку добар што е најблиску до Рожер Федерер- вели Тони.

Надал води убедливо во меѓусебните дуели со Федерер, но тоа за шпанскиот тренер не значи ништо.

– Со сите титули кои ги има освоено нема сомнеж дека Федерер е најголем во историјата-истакнал тренерот на Рафа за едно локално шпанско радио.