Тони Пјулис “раскина” со Кристал Палас

Официјално најдобриот менаџер во Премиер лигата за минатата сезона, Тони Пјулис го напушти Кристал Палас на само еден ден пред стартот на првенството.

Заради несогласување околу трансфер политиката на клубот Пјулис реши да си замине.

Откако на 23. ноември минатата година го презеде Кристал Палас, Пјулис успеа целосно да го препороди тимот, кој од зоната на испаѓање многу брзо се искачи до средината на табелата, па Палас заврши на 11. место.

Затоа 56-годишниот стратег беше избран за најдобар менаџер во Премиер лигата.

Сепак во преодниот рок клубот немаше финансии за доведување на нови играчи. Единствено до сега Фрејзер Кембел и Бреде Хангеланд го засилија Кристал Палас, а вчера беше потврдено и доаѓањето на бекот на Ливерпул, Мартин Кели.

Но Пјулис беше незадоволен и сметаше дека му се неопходни засилувања како Гулфи Сигурдсон, Стивен Колкер и Мичу, па влезе во судир со челниците на клубот, а откако двете страни не се договорија дојде до меѓусебна согласност за раскин на соработката.