Топ 24 совети за одржување на страста

Секси долна облека

Помеѓу 61 и 71% задоволни парови велат дека пред сексот облекуваат секси долна облека. Не мора да значи дека долната облека треба да е скапа, туку убаво дизајнирана, со малку тантела на стратешките места.

Истото се однесува и за мажите: Фрлете ги растегнатите памучни гаќи, кои прикажуваат како алатот да ви е пикнат во балон.

Испробувајте нови пози или простори

Водењето љубов во една иста поза во која знаете добро да ја наместете главата за да фрлите по некој поглед кон ТВ, сè додека работите не се вжештат, може да ја уништи секоја врска. Помеѓу 59 и 63% среќни парови велат дека нивната среќа се базира на тоа што последните месеци пробале нова поза или секс на некое ново место.

Изгасете го или запалете го светлото

Разбијте ја рутината. Дури и едноставните работи, како што е оставање на вклучено светло, ако инаку водите љубов во мрак или пригушено светло, може да направи пресудна разлика. Дури и тоа било доволно 20% парови да се позадоволни во сексот.

„Те сакам“ е исто така секси

Дури 75% мажи и 74% жени кои уживаат во сексот велат дека влијае и тоа што за време на сексот партнерот им вели дека ги сака. Тоа го зголемува чувството на опуштеност, посветеност и сигурност која може да ни ја нахрани самодовербата.

Бидете храбри

Околу 42% мажи задоволни во сексот и 37% жени велат дека согласувањето на некоја нова стимулација значително го зголемило нивното задоволство во сексот. Пробајте. Оние кои не се склони на експериментирање, може да пробуваат помалку нови работи и со тоа да се подготват и за поголеми возбудувања.

Спијте со играчки

Речиси половина од паровите кои се среќни во сексот, користеле вибратор или некои други секси играчки и тоа взаемно. Таа взаемност е исто така важен фактор во подигнување на разни задоволства: Не е добро ако сте себични или ако премногу сте насочени само на своето задоволување.

Оргазам со сите, а не само со нив

Речиси сите задоволни мажи (98%) и повеќето, односно 78% жени имале барем еден оргазам во последниот месец, но велат дека и нивните партнери го имале тоа искуство. Ако може да им се верува на овие податоци, би можело да се каже дека мажите можеби конечно сфатиле дека играчките може да им бидат сојузници во врската.

Разговор, разговор и разговор

Можноста за сексот отворено да разговараат е еден од трите предуслови за добар и задоволувачки секс, што подеднакво вреди и за жените и за мажите. Сепак, постојат некои видови на комуникација кои влијаат на тоа. Статистиката вели дека една од нив е пофалбата – ако го пофалите партнерот за нешто што го направил за време на сексот или го насочите кон тоа, може да биде навистина добро.

Одмори се, заслужи

Тајм аутот може да има позитивно влијание во спалната соба. Воздржете се од класичниот секс, што не значи дека морате и од галењето и од мастурбацијата, односно оралниот секс. Тоа може да помогне да се подигне различната сексуална напнатост и желба.

Тргнете се од мултитаскингот

Тргнете ги од глава секојдневните обврски, работите кои ве очекуваат или домашните задачи кои треба да ги завршите. Сите тие размислувања ја гаснат сексуалната желба и голема е веројатноста да не стигнете до достигнувањето на врвот. Пред сексот, дозволете си барем 20 минути лежење, туширање или танцување со партнерот.

Оргазмот (не) е редовна појава

Само 57% од жените редовно доживуваат оргазам, а само 26% редовно го доживуваат со партнерот. Причината е едноставна: Женскиот полов систем е комплексен и потежок е „за свирење“ отколку некои едноставни инструменти. Што повеќе научете за женското тело, толку повеќе ве очекува подобар секс. И тоа вреди и за двајцата партнери.

Од каде разликата?

Ако се уште се прашувате како е можно 57% редовно да доживува оргазам, а само 26% можат со партнерот, тогаш треба да ве потсетиме: Мастурбацијата не е со закон забранета. Напротив. Некогаш може да биде поедноставна отколку сексот со партнерот.

Предизвикувајте по малку

Мала доза на дрскост и задевање во врската секогаш доаѓа добро. На пример, ако понекогаш му пратите на партнерот некоја секси порака или му се јавите за да му кажете кој дел од неговото тело најпрво ќе го бакнете пред да одите на здодевните состаноци, тоа може да ја подигне сексуалната желба меѓу вас дури и пред да се видите дома.

Кажете што сакате

– Тој/таа сам/а треба да сфати што сакам, е став кој не треба да го имате. Не бидете филозоф, туку активно залагајте се за себе и своето влијание. Секако, се подразбира дека не е добро ни да се држите до тоа дека мора да знаете што сака вашиот партнер, па затоа прашајте го.

Карајте се, но не пречесто

Добрата караница може да биде многу влијателна за тоа да поработите на квалитетот на односот, па дури и оној сексуалниот. Но, не одете на спиење скарани и немојте да се смирувате само со секс. Постојат работи кои понекогаш мора да си ги дозволите, како на пример да разговарате во мир, без страсти и тоа секогаш треба да го имате на ум. Партнерите кои се ослободуваат од бесот и гневот подолго ќе го задржат задоволството.

Избегнувајте ги изговорите

Ве боли глава? Уморни сте? Родителите ви се во соседната соба? Ајде бидете чесни – ако се согласите на водење љубов со партнерот, тоа може да биде мошне добро за вашата главоболка. Можеби ќе бидете уморни, но задоволни. А вашите родители сигурно слушнале за секс и знаат дека и вие тоа го правите. Наместо тоа да ви звучи како изговор, извинете им се на родителите ако сте биле прегласни.

Воведете ритуали

Заедничко туширање или излежување во кадата по што следува масажа со етерични масла може да биде совршена подготовка за секс. Воведете ги како ритуали барем за оние денови кога имате време да уживате во долги предигри и можете да си дозволите излежување по сексот. Партнерите кои имаат некои такви ритуали, подолго ќе ја одржат сексуалната желба.

А зошто да не и секс за пет минути?!

Ако сакате секс по фината вечера во ресторанот откажете се од некои навики и направете го тоа негде набрзина. Зошто не наутро, кога партнерката ви прави кафе навалена кон мијалникот? Или веднаш до влезната врата, откако ќе се вратите од работа? Истражувањата покажуваат дека тоа може значително да влијае на сексуалното задоволство.

Поделете ги обврските и одговорностите

Ако партнерката брза од работа за да купи храна, да ги земе децата, да им подготви ручек набрзина, да ги собери алиштата кои се сушат, да го избрише подот во купатило, да ја напише домашната со децата и уште мал милион работи, сигурно дека нема да биде заинтересирана за секс, после толку обврски во денот.

Грижете се за здравјето

Партнерите кои се грижат за здравјето и се трудат да одржуваат кондиција, се позадоволни со својот сексуален живот. Со редовни активности ќе ја одржувате кондицијата, што може да биде поттик за партнерот, но и да бидете задоволни сами со себе.

Не поставувајте превисоки цели

Фиксација на оргазам, особено на истовремен оргазам на двајцата партнери, може да ја расипи целата желба, односно да создаде таков притисок што ќе го блокирате не само оргазмот, туку и сексуалниот нагон. Не сте на норма, не брзајте, опуштете се и уживајте во моментот.

Прифатете ги вашите години

Кога ќе наполнете 50, 60 или 70 години, треба можеби да се прилагодите на техниката, но не ја намалувајте желбата. Сексот во тие години може да биде многу корисен за кардиоваскуларното здравје, па нема потреба да се воздржувате само поради годините.

Планирајте го сексот

Успешните парови често го планираат сексот, односно се договараат за деновите кога ќе се откажат од други обврски за да бидат интимни. Со оглед на тоа дека во некои животни фази, сè друго има приоритет, тој пристап воопшто не мора да биде лош, бидејќи така ќе сте сигурни дека водите љубов редовно.

Квалитетот пред квантитетот

Постојат ситуации во животот во кои сексот ни е важен само поради сексот, најчесто во раната младост или некои животни фази каде што сме помалку концентрирани на врската. Но, само голем број на односи, никогаш нема да ви пружи толку задоволства колку нивото на квалитетот. Затоа, вреди да се проба!