Македонија – Top новa дестинациja што треба да се посети

Македонија дел од медитеранско-балканската туристичка понуда

Македонија е број еден туристичка дестинација која треба да се посети. Престижниот британски магазин наменет за патувања The Wanderlust Travel Magazine Македонија ја смести на првото место на „Топ нови дестинации“.

Преку истражување и анкетирање од страна на своите читатели, Магазинот открива кoја е врвна туристичка дестинација во светот? Која земја вреди да се посети? Каде е најубав меѓународниот аеродром, која авиокомпанија е најдобра? Ова го открива The Wanderlust Travel Awards 2016.

makedonija-wunderlust

Во коментарот зошто треба да се посети Македонија стои:

Балканот брзo станува најжешка дестинација која мора да се посети во Европа: Минатата година тоа беше Црна Гора, а годинава нашите остроумни читатели се воодушевени од езерата, планините и манастирите во Македонија. Да мораме да ги споменеме и прекрасното вино, волци и убавите пејсажи?

Во изминатите години, препораките да се посети Македонија се најдоа во многу специлијализирани и светски познати магазини, списанија и ТВ куќи. Сите тие ја препорачуваа Македонија како следна дестинација за посета. Една од последните репортажи е онаа на Еуроњуз каде со помош на дрон се прикажани убавините на кањонот Матка. Македонија се најде и на СНН. На интернет-страницата на телевизијата беше поставен профил на нашата земја, која е опишана како „мала планинска земја“, идеална за излети во природа.

Од непознато до незаборавно…