Топ шест освежителни напитоци за добро утро!

Orange juice

Ниту еден организам не може да функционира без течности, па затоа се препорачува дневно да се пие најнмалку литар и половина вода, но и неколку чаши природни овошни сокови. Ова правило особено е важно за идните мајки, кои освен за своето треба да се грижат и за здравјето на плодот.

Вода

Додека организмот без храна опстанува и до два месеци, без вода може да издржи само неколку денови. До сите реакции во организмот доаѓа исклучиво со помош на течностите, а водата е таа која го овозможува транспортот на хранливите состојки по целото тело.

Сок од ананас

Одличен е за варење на храната. Сокот од ананас успешно ги заменува класичните освежителни напитоци и претставува еден од најпријатните гасители на жедта. Најдобро е да се пие свеж.

Сок од јаболка

Јаболката е овошје со најмногу благодети за организмот, а има и предност бидејќи е достапна во текот на целата година. Нејзиниот сок е познат по низата добри особини: создава јаки и силни мускули, делува како диуретик, врши дезинфекција на системот за варење и обезбедува правилна работа на цревата. Освен тоа, свежиот сок од јаболка содржи и лимонска киселина, витамин Ц, витамини од групата Б и разни видови шеќери, особено фруктоза. Бидејќи е нискокалоричен, напитокот особено се препорачува на личности кои не сакаат да се здебелат.

Сок од портокал

Портокалот е ризница на Ц витаминот. Со само 100 милилитри ќе внесете 65 отсто од препорачаната дневна доза од овој витамин. Исцедениот сок од портокал треба да се испие веднаш. Задоволството од ова овошје им е скратено на личностите кои боледуваат од гастритис, камен во бубрегот, хијатус хернија или пак на оние кои се алергични на портокал.

Сок од морков

Познат е во кујната како неизоставна состојка на секоја супа или чорба и е вистински еликсир на здравјето. Неговиот сок игра важна улога во чувањето на цревната бактериска флора, што е важен предуслов за здравјето на цревата. Освен тоа, сокот од морков е богат со витамин А во облик на бетакароген, корисен за видот и спречувањето на кожни заболувања како што се акните и еритемите.

Сок од лимон

Овој сок содржи голем број витамини, особено витаминот Ц. Благодарение на високата алкална вредност лимоновиот сок дезинфицира и чисти, а во состојба е и да го намали вишокот на киселина во организмот, од што страдаат голем број трудници. Сепак, лимонадата немојте да ја конзумирате ладна, туку со топлина на собна температура.