Топ совети за совршени веѓи

Ако очите се огледало на душата, тогаш веѓите се рамки на тоа огледало. Со оглед на важноста на очите, секако дека сакаме тие максимално да бидат нагласени – а првиот чекор е совршен облик!

Топ совети за совршени веѓи
Топ совети за совршени веѓи

Факт е дека поголемиот број жени незнаат да го изберат обликот на веѓи што најдобро им одговара на нивниот облик на лицето и затоа е добро да побараат помош од експерти за убавина или тоа да го завршат кај професионални шминкери.

Покрај добрите совети важна е и квалитетната пинцета па затоа не треба да ви биде тешко да одвоите пари за професионална пинцета.

Спуштете ја пинцетата

Најголемиот број жени ја земаат пинцетата во раце секој пат кога ќе видат и мало вланенце, но ако е многу далеку од местото каде што ви се веѓите – добро е да ја оставите, затоа што можеби тоа влакно ќе ви треба за совршен облик на веѓите.

Редовно кубете ги веѓите, но не пречесто

Со оглед на тоа дека немаат време, некои жени се кубат премногу ретко, да кажеме еднаш месечно па имаат потоа проблеми затоа што им се губи обликот што го имале, а други пак ги кубат веѓите секој ден и така доаѓа до истенчување, односно до грди премногу тенки веѓи. Одржувањето на веѓите не е секојдневна активност и нема смисла тоа да го правите на брзина. Кога имате 10 до 15 минути време, седнете покрај прозорецот и искубете ги оние влакненца што се надвор од вашиот облик. Ако обликот ви се загубил, низ неколку едноставни обиди воспоставете го повторно.

Не заборавајте на шминката

Иако веројатно никогаш не размислувате за тоа кога ги кубете веѓите, но постои шминка што може да ви помогне да дојдете до совршени веѓи.

Топ совети за совршени веѓи
Топ совети за совршени веѓи

Шминката за веѓи е нешто што жените би требало да го користат секојдневни – малку сенка за веѓи на стратешките места и вашите веѓи ќе бидат како кај холивудските ѕвезди. Секако, многу е важно да ја следите природната боја на вашите веѓи, а експертите препорачуваат да користите две нијанси посветла сенка за вашите веѓи. Доколку имате подолги влакненца, заедно со сенката користете и моливче.

Внимателно одредете го обликот

Ако сами ги средувате веѓите, бидете сигурни дека вашите веѓи го комлетираат обликот на вашето лице. За лице во облик на срце се препорачуваат округли веѓи. За правоаголно лице направете лак малку подалеку, не на средината на веѓите, туку кон крајот. Кај заобленото лице добриот лак е мошне важен и исто така важно е веѓите да не се премногу блиску една до друга, така што ќе го отворат лицето и нема да го направат уште позаоблено.