Маневски: СЈО е монстуозен политички инструмент за хајка само против ВМРО-ДПМНЕ

Катица Јанева буквално одговори на барањата на своите налогодавачи и во четвртокот нејзиното Специјално јавно обвинителство изврпи една монструозна работа, изјави во петокот поранешниот министер за правда, Михајло Маневски во рамките на трибината во организација на иснтитутот „Павел Шатев“.

„Мислам дека вчерашниот ден беше еден монструозен, беше прикажана една монструозна работа, со тоа што по 18 месеци одеднаш покренаа толку обвиненија. Тоа не е случајно, тоа намерно се темпираше да пукне како една бомба, да се види „што сториле раководството на ВМРО-ДПМНЕ и какви кривични дела се сториле“ со прикажување на состојбите на ним својствен начин, со една парада, со тотално непочитување на основниот принцип на кривичната постапка, а тоа е принципот на пресумпција на невиност“, истакна Маневски.

Рече дека со натоварените комбиња се сакале да се прикаже колкав е доказниот материјал.

„Јавноста ниту е наивна, ниту може да поверува во такви невистини, во такви паради кои имаат една и единствена – да го одвлечат вниманието од горливите проблеми на државата во кои се’ повеќе ја вовлекува владата на Зоран Заев и политика што ја спроведува под диригентска палка на странски фактори“, истакна Маневски.

Посочи дека од ВМРО-ДПМНЕ во почетокот, кога се формираше СЈО немале ништо против оваа институција, бидејќи нема што да се крие. Меѓутоа, вели Маневски, тоа требаше да биде сторено на еден неселективен, законит, транспарентен начин, меѓутоа, ова се претвори во хајка против функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова не е Специјално јавно обвинителство за гонење на кривични дела коишто произлегуваат од незаконски преслушуваните разговори, ова е специјално јавно бвинителство за гонење на функционери и раководители на ВМРО-ДПМНЕ“, потенцираше поранешниот министер.

Потсети дека СЈО нема покренато постапки против функционери на ДУИ, СДСМ или на други политички партии.

„Колку беше во функција на власта ВМРО-ДПМНЕ, толку беше и ДУИ, меѓутоа, на удар во фокусот е само ВМРО-ДПМНЕ и неговите раководители. Ова јавно обвинителство е политички инструмент“, истакна Маневски и потенцираше дека откако СДСМ не успеа на легален начин да го симне ВМРО-ДПМНЕ од власт, пристапиле со сесрдна поддршка од надвор кон рушење на оваа Влада и кон рушење на оваа партија.